Халанд ќе биде подготвен за дербито против Ливерпул?!

Ерлинг Халанд и Пеп Гвардиола/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

В сабота од 13.30 часот на стадионот „Етихад“ во Премиер лигата ќе се дербито од 13 коло помеѓу Манчестер сити и Ливерпул. Моментно по 12 одиграни кола Сити е првопласиран со 28 бодови, само еден повеќе од „црвените“ на втората позиција, а 27 има и третопласираниот Арсенал.

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд се врати на тренинзите во четвртокот и има за цел да биде подготвен за утрешниот меч, пренесува „Дејли Мејл“.

Норвешкиот напаѓач се повреди за време на репрезентативната пауза, поради проблеми со зглобот на мечот со Фарските Остро, а го пропушти вториот натпревар против Шкотска.

Лекарот на норвешката репрезентација увери дека повредата не е сериозна и Халанд може нормално да тренира со соиграчите по враќањето во Манчестер.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, не може да смета на Едерсон, кој не беше со репрезентацијата на Бразил поради проблем со стапалото, повреда од последниот премиерлигашки дуел против Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот