Хакиран фејсбук-профилот на украинската армија, војниците повикани да се предадат

Фото: МИА

Хакери упаднаа во воените фејсбук-профили на Украина во обид да ги принудат војниците да се предадат, објави компанијата Мета, во чија сопственост е Фејсбук.

Нападнати се профилите на украинскиот воен персонал, се наведува во најновиот безбедносен извештај на компанијата.

Безбедносни експерти изјавија дека таквите напади ги извршило лице или група луѓе кои ги нарекат Ghostwriter, пишува Индепендент. Во извештајот од февруари, Мета веќе ги спомна активностите на Ghostwriter, но сега велат дека оттогаш се извршени нови напади.

Хакерите прво ја компромитираат е-поштата, а потоа ги користат мејловите за да се логираат на профилите на социјалната мрежа. Кога хакерите влегле во профилите, објавувале видеа во кои ја повикуваат украинската армија да се предаде, а изгледало како легитимните сопственици на профилите да ги објавуваат.

Индипендент наведува дека таквите напади се само дел од криминалните активности насочени кон Украина. На Фејсбук тие забележаа дека некои „финансиски мотивирани актери” ја користат кризата за да отворат лажни профили и користат други тактики за да профитираат од интересот за вестите од Украина.

Тие ги насочуваат корисниците на други веб-страници или им продаваат лажни производи. Мета соопшти дека хакерите доведоа до безбедносни грижи во другите делови на светот, вклучително и Азербејџан, Јужна Америка, Филипините и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот