Хакерскиот напад во Албанија ги „парализираше“ граничните премини

Фото : Архива

Кибер-нападот од Иран, чија жртва беше системот ТИМС, ги парализираше сите гранични премини на Албанија, јави Топ чанел.

-Нападот бил откриен од полициски специјалци во синоќа околу 22 часот, при што е блокирана работата на гранични премини Какавија, Капштица, Муриќан, Ќаф Бота, Ќафасан, пристаништата Драч и Валона и аеродромот во Тирана, наведува телевизијата.

На граничниот премин Капштица поради рачните процедури долга е колоната на автомобили, а најтешка е аеродромот во Тирана, каде управата упатила апел до патниците да дојдат на аеродром три часа пред летот.

На преминот Муриќан имало помало движење, додека во Ќафасан работата продолжува рачно и нема долги редици. И на граничниот пункт на пристаништето Валона недостасува системот ТИМС и преминувањето на патниците се врши со образец и рачно.

– Тоа донесе бројни проблеми, додека полицијата не ги отвори регистрите рачно работејќи, за да се избегнат долгите редици. Се дознава дека освен системот ТИМС исклучени се и другите системи на полицијата од безбедносни причини. Според првичните сознанија податоците на најважниот систем на државната полиција не биле погодени од хакери, наведува Топ чанел.

Обидот да се преземе контролата врз системот ТИМС, со крајна цел да се парализира работата на полицијата на албанските гранични премини се случи само неколку часа откако Министерството за финансии на САД објави санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и неговиот министер, обвинувајќи дека тие се одговорни за кибернападот врз Албанија.

Ова е втор ваков напад што Иран го изврши врз Албанија, откако ги погоди владините и јавните онлајн сервиси на 15 5 јули.

Како резултат на истрагите спроведени од албански експерти, но и од сојузничките земји, констатирано е дека Иран стои зад нападот.

Рама: Пак нѐ напаѓаат хакери од Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот