Гвардиола: Ливерпул не можеше да го надмине нашето достигнување!

Фото: twitter/Manchester City

Менаџерот на Манчестер сити вели дека Ливерпул одигра неверојатна сезона и покрај тоа што не го собори рекордот на неговата екипа по бројот на освоени бодови во Премиер лигата.

Во сезоната 2017/18 година, Сити успеа да освои 100 бодови, поставувајќи рекорд во најсилната англиска лига.

После поразот од Арсенал во претходното коло, составот од „Енфилд“ ќе може да дојде до максимум 99 бодови сезонава.

Ова не го негира фактот дека Ливерпул имаше неверојатна сезона. Не е важно колку бода освои тимот на Клоп, 99, 102 или 107 бодови, сезоната за нив беше неверојатна. Им честитам на „црвените”, отсекогаш верував дека се рекордите се поставени со цел да бидат срушени, порано или подоцна и нашиот ќе падне, но да се добијат 100 бодови по сезона не е лесно.

Бевме многу добри пред две години и успеавме да го направиме тоа, а минатата сезона игравме многу добро, освојувајќи 98 бодови. Ливерпул имаше 97 пред една година, сега може да стигне до 99. Ова покажува колку бевме добри во сезоната 2017/18, што дури и хитот на сезоната Ливерпул не можеше да го собори нашето достигнување – рече Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот