Гутереш: Светот се соочува со должничка криза, одржливоста на долговите на земјите се сериозен проблем

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш денеска изјави дека светот се соочува со сериозен проблем на одржливост на долгот на земјите, бидејќи кризата со коронавирусот не е правилно разбрана и разрешена, пишува денеска британскиот весник „Фајненшл тајмс”.

– Одговорот на кризата со ковид-19 и финансиските аспекти на кризата е фрагментиран, а геополитичките поделби не помагаат, истакна Гутереш за „Фајненшл тајмс”.

Земјите, како што се Бразил и Јужноафриканска Република, се многу задолжени од домашните кредитори со многу повисоки каматни стапки од оние кои се достапни за богатите земји, поради што, како што нагласува Гутереш, ризиците сега се помалку видливи отколку за време на претходната должничка криза на пазарите во развој.

– Тие всушност се задолжуваат на домашниот пазар, а роковите на доспевање се намалуваат. Ова е многу лош сигнал. Постои илузија на одржливост, но постои опасност од големи драматични изненадувања, особено ако закрепнувањето е побавно отколку што се очекуваше поради забавениот пристап до вакцини, истакна Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот