Ѓуровски за СП: Булдожер-дипломатијата не помага меѓу Македонија и Бугарија

Ќе изврши ли новата администрација на претседателот на САД Џо Бајден притисок врз Бугарија за спорот што ѝ го наметнува на Македонија? Пред два дена Германија соопшти дека канцеларката Ангела Меркел и претседателот Џо Бајден го ставиле Западен Балкан во шесте итни заеднички приоритети за решавање, после Авганистан, Кина, Иран, Украина и Русија. Според професорот по безбедност Марјан Ѓуровски, притисок врз Бугарија може да се очекува, но не во почетокот.

– Може да да бидат разочарани тие што во првите месеци од мандатот на администрацијата на Џо Бајден очекуваат дека ќе се означи Западен Балкан како приоритет, зашто има многу „пожари за гасење“, многу други проблеми и дома, како и со главните партнери вклучително и ЕУ, вропската убија, но и односите со Кина и Русија. САД во првиот период од оваа година може нема да бидат силно инволвирани во Западен Балкан, освен ако не бидат принудени на тоа, но затоа силно ќе ја поддржуваат ЕУ и ќе ги обноват врските со Брисел. Преку крупните имиња во дипломатијата очекувам моќта на Стејт департментот да биде вратена и преку нив Бајден да го оствари својот приоритет. Инаку, Џо Бајден на Балканот, попрецизно во поранешна Југославија е присутен уште од времето на Тито, преку воените 90-ти години и инсистирањето на западна поддршка за босанските власти, па сѐ до познатите балкански турнеи во кои ги посети и Србија и Косово – вели Ѓуровски за „Слободен печат“.

Американскиот преседател Бајден и Демократската партија, додава тој, се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување кон Западна Европа и затоа може да се очекува притисок од Вашингтон за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

– Може да се очекува притисок од САД и за енергетските проекти во регионот во кои е вклучена и Русија, особено за транзит на гас, како и за запирање на проектот за изградба на нуклераната централа Белене. Македонско-бугарскиот спор на крајот ние самите треба да го решиме, не знам колку ефекти ќе даде  булдожер-политиката – смета Ѓуровски.

За официјален Вашингтон, доава тој, главни отворени прашања во регионот се иднината на дејтонска Босна, статусот на Република Српска, односите Србија-Косово, како и политичката нестабилност во Црна гора.

– Сега со новиот претседател се зајакнува албанската позиција во регионот, а осега имавме пристао вин-вин пристап. Очекувањата во официјална Приштина од администрацијата на Џо Бајден се поголеми. Албанската заедница традиционално е наклонета кон  Демократската партија, а уште пред неколку години именуваше една делница на пат во Косово како Џо Бајден, во спомен на починатиот син на новиот американски претседател, кој пак една година обучувал косовски судии и обвинители – вели Ѓуровски.

Од друга страна, ситуацијата ја отежнува и корнакризата и маките на ЕУ со вакцинацијата.

– Западен Балкан сега се наоѓа меѓу можностите и желбите на Брисел и Вашингтон.  Пандемијата и вакцинацијата предизвика ЕУ повеќе да наликува на компилација на импровизации и солирања, отколку на складен хор и оркестар предводен од врвен диригент кој ја изведува Бетовеновата „Ода на радоста“. Преку процесот на вакцинирање ЕУ за жал уште еднаш ја потврди својата неефикасност и се докажа дека мора да се менува прво одвнатре. Воедно, доставувањето на кинески вакцини во регионот, каде може да се очекуваат значајни поместувања, е директно кршење на кичмата на ЕУ. Целиот европски проект ризикува да ја загрози смислата на своето постоење во очите на сопствените граѓани. Се наметнува и прашањето дали пред нас е старт на нова студена војна, во која улогата на Русија ја презема Кина – вели Ѓуровски за „Слободен печат“.

Кржаловски за СП: Македонија не е во фокусот на Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот