Ѓуриќ: Во Косово се можни нови избори

Фото: Википедиа

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ изјави дека формирањето на новата влада во Косово се одвива потешко од очекуваното и дека не би бил изненаден ако се одржат нови избори.

-Не би бил изненаден ако има нови избори. Но, странскиот фактор има доминантна улога во Приштина, и ќе игра одлучувачка улога дали страните ќе се договорат или не – истакна Ѓуриќ.

Тој рече дека на последните избори во Косово, Србите успеале да освојат 10 од 10 мандати во парламентот во Косово, и ова значи дека нема да може да се формира влада без Србите.

На прашањето како поминала средбата со Албин Курти во Берлин, Ѓуриќ рече дека тоа било еден широк состанок. Тој додаде дека Курти се однесувал на чесен и коректен начин, додека на средбата учествувале околу 70 учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот