Груби: Има ли Албанци кои велат дека не сме подобри од порано и посилни од било кога?

Фото: Фејсбук/ Артан Груби

Ќе зборувам тука за работата што ја направивме, што треба да ја направиме, посочи вицепремиерот Артан Груби кој со Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети собранискиот спикер Талат Џафери, министри, заменици министри, директори како и други соработници вечерва започнаа средби со граѓаните и партиските активисти од Чегране во општина Гостивар.

„Ниту една работа на Албанците не е почната со оваа Влада, ние само ја продолжуваме работата што другите влади ја започнаа пред нас Од 2002 година дел од работите доцнат, а дел се завршени.Работите што ги направивме не се малку, има ли Албанци кои велат дека не сме подобри од порано и посилни од било кога. Вработени се 41,5 отсто од Албанците. Ова е реалност, ова не се само зборови туку и дела. Станавме членка на НАТО, започнавме стратешки дијалог со САД, претседаваме со ОБСЕ, најголемата меѓународна организација, ние сме пример во регионот за управување со кризи и воопшто не сме имале прекини во снабдувањето со струја. Сега се вршат работи кои не се извршувале со децении. Изградивме тим кој достоинствено го претставуваме пред сите. Можете ли да наброите една единствена одлука од септември 2020 година до денес која била антиалбанска? Ни секунда не ја напуштаме владината седница“, рече во својот говор првиот вицепремиер Артан Груби.

Горди сме што успеавме да произведеме солидни кадри, истакна собранискиот спикер Талат Џафери.

„Не би сакал да зборувам за постигнатото поради тоа што 20 години ги прифаќам задачите и сметав дека тоа треба да се направи врз основа на нашите очекувања. Овие паралелни активности што почнаа мора да се прекинат и нашите другари и пријатели кои имаат авторитет и моќ пред нас да зборуваат за делата што ги направиле и кога ќе дадат извештај тогаш ќе треба да обвинуваат.Албанците 20 години ја поддржуваат идеологијата на Али Ахмети и ДУИ, не случајно. Дали ја завршивме целата работа? Не постои никој во светот кој би рекол дека јас сум ја завршил целата работа. Сите треба да се вразумиме и да погледнеме во политичкото минато.Центарот на Гостивар е проект на Али Ахмети и тоа сите го знаеме,“ рече во своето излагање спикерот Талат Џафери.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во својот говор рече дека мора да се биде внимателен, затоа што Москва се обидува да има влијание во земјава, а му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе обезбеди 61 пратеник со Левица.

Ахмети со порака до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ да не сонува за мнозинство со Левица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот