Ахмети со порака до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ да не сонува за мнозинство со Левица

али ахмети слупчане спомен кула ОНА
Али Ахмети / Фејсбук

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, во својот говор во гостиварско Чегране, зборуваше за руското влијание во земјава, објави ТВ21.

Ахмети рече дека мора да се биде внимателен, затоа што Москва се обидува да има влијание во земјава, а му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе обезбеди 61 пратеник со Левица.

„ВМРО-ДПМНЕ греши ако мисли дека со Левица ќе направи мнозинство со 61 пратеник и да ја марганилизира ДУИ, наводно нивната единствена пречка. Прават многу грешки и нека не сонуваат за такво нешто“, рече Ахмети кој додаде дека ни треба единство за членство во ЕУ.

Тој се осврна и на недоразбирањата во ДУИ по формирањето на таканаречената „огнена група“.

„Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант, или водач, или воопшто не сум. Немам лутина или омраза бидејќи ништо лошо не им се случило на моите пријатели и се трудев да бидам еднаков со сите. Се борев и за различното мислење.Така што ДУИ никогаш не била посилна и цели тимови работеле во континуитет, ДУИ создаде институции кои никој не може да ги уништи“, рече Ахмети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот