Гром удри во зграда во Велес, нема повредени

Фото/ Youtube screenshot

Во силното невреме со дожд кое попладнево го зафати Велес, гром удри во зграда на ул.„Никола Карев” бр 3 наспроти ООУ „Васил Главинов”. Од громот се запали и изгоре стан во поткровје и покрај брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ од Велес. Станарите од станот што се запалил не биле дома и нема повредени лица.

-Четворица соседи, од кои  две жени и двајца мажи побарале помош од екипата на Итната медицинска помош која дошла на настанот во 14,40 часот. Од нив двајцата мажи, постар татко и син побарале медицинска помош поради зголемен крвен притисок и видна вознемиреност од настанот, а по укажаната прва помош на лице место од екипата на Прва помош тие со возило на Итна помош биле однесени на реанимација во велешката Општа болница –  информира за МИА, д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош која била на местото на настанот.

Како што пренесува МИА од противпожарната единица во Велес биле повикани во 14,25 часот и на местото на пожарот се упатиле со 12 пожарникари и три противпожарни возила. Пожарот бил локализиран во 15,40 часот, а целосно изгаснат во 16,30 часот.

-Најголем проблем за тоа што пожарот брзо се распламти беше што во зградата немаше  хидрантна мрежа, потенцираат од ТППЕ Велес.
Тие воедно  апелираат до сите станари во зградите во Велес,  под итно да ги оспособат расипаните и оштетени  хидрантни мрежи во своите згради на живеење, за навреме да биде спречен пожар од пошироки размери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот