ГРК Охрид го совлада Тинекс Пролет и останува во игра за Европа

фото: ГРК Охрид

Ракометниот клуб Охрид запиша нова победа во домашната Суперлига откако убедливо со 29:19 триумфираше над Тинекс Пролет. После првото полувреме играчите предводени од тренерот Горан Андоновски имаа „плус четири“ по првото полувреме (12:8).

Со овие бодови ГРК Охрид ја продолжува битката за една од позициите кои носат пласман во Европа следната натпреварувачка сезона.

Во победничките редови доминираше Шешиќ со шест погодоци, по еден помалку имаа Д. Андоновски и Бојаниќ. На спротивната страна пет погодоци беа дело на Л. Андоновски, а по четири имаа Палевски и Василевски.

Се одигра уште еден меч во неделата, Тиквеш како гостин славеше на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 со 25:30.

Табела: Еурофарм Пелистер 36 бодови, Вардар 1961 33, Алкалоид 30, Тиквеш 17, Охрид 15, Бутел Скопје 10, Еурофарм Пелистер 2 7, Тинекс Пролет 6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот