Гризман: Ми недостасува самодоверба

twitter.com/fcbarcelona

Антоан Гризман во текот на летниот преоден рок за сума од 120 милиони евра пристигна во Барселона, но засега не ги оправдува вложените средства.

Французинот настапи на 16 натпревари досега и постигна само четири голови, учинок кој не ги задоволува ниту челниците на екипата, ниту навивачите.
Како главна причина за слабите резултати, Гризман ја посочува самодовербата.

– Се наоѓам во процес на учење на начинот на игра на моите соиграчи, бидејќи сево ова ми е ново. Се уште се обидувам да ги прочитам движењата без топка на Суарез, Меси, Дембеле и останатите фудбалери. Мојата цел е што побрзо да ги научам овие работи за да давам се од себе за екипата. Моментно, кога ќе ја добијам топката, не одреден начин ми недостасува самодоверба кога ја додавам топката или шутирам кон противничкиот гол – открива Гризман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот