Гренел: Од мир и напредок дојдовме до хаос и окупација

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, утринава, откако припадниците на КФОР ги опколија општинските згради на север, изјави дека „од мир и напредок преминавме во хаос и окупација“.

Во објавата со наслов „најнови вести“ на Твитер, Гренел сподели видео пред општинската зграда во Лепосавиќ, каде се протегаат бодликава жица и каде се наоѓаат голем број припадници на КФОР.

„Трупите на НАТО окупираа згради на Косово. Американски војници и американски пари. Отидовме од мир и напредок под Трамп до хаос и окупација под Бајден. Бајден е толку слаб“, рече Гренел.

Силите на КФОР од утрово ги опколија општинските згради во Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Припадниците на италијанската секција на КФОР се наоѓаат во Северна Митровица, на влезот во Бошњачка Махала, каде што се распоредени од раните утрински часови. Присутни се неколку џипови и камиони со повеќе од 100 војници.

Во Звечан има и голем број припадници на полскиот контингент на КФОР, кои го формираат првиот обрач на „безбедност“ околу општинската зграда. Зад нив, во близина на самата општинска зграда, се припадници на косовската полиција.

За потсетување, училиштата на северот на Косово утринава се затворени поради новата безбедносна ситуација и огромното присуство на косовската полиција, која во петокот насилно упадна во зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

ВИДЕО: На северот на Косово тензично, полицијата употреби солзавец да ги растера граѓаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот