Грен слем шампионка ги покажа градите (ФОТО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Грен слем шампионка ги покажа градите (ФОТО)

Една најдобрите тенисерки во двојки, Бетани Матек-Сандс се одлучи да ги шокира своите фанови на Инстаграм и се сликаше топлес. За да не биде казнета од Инстаграм, Американката пред голите гради стави ѕвездички.

Бетани Матек-Сандс одморот го поминува во националниот парк Јелоустоун каде и ги направи фотографиите. На првата фотографија таа со јакната ги покри градите, додека на втората ја рашири јакната и ги честеше фановите со нејзините гради.

Минатата сезона, Матек-Сандс триумфира на УС Опен во мешани двојки заедно со Џејми Мареј, додека во женски двојки заедно со Софија Кенин триумфира на турнирот во Пекинг. Таа заедно со Луци Шарафова има два триумфа на Австралија Опен, Ролан Гарос и еден триумф на УС Опен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close