Грција и Кипар размислуваат за создавање хуманитарен морски коридор за Газа

Војна во Израел/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Грција и Кипар се отворени и ја разгледуваат можноста за отворање хуманитарен морски коридор за помош во Појасот Газа, нешто што во петокот го спомена францускиот претседател Емануел Макрон.

Според Министерството за надворешни работи на Кипар иницијативата за создавање „контролиран и одржлив хуманитарен морски коридор за обезбедување непречена и безбедна хуманитарна помош за Газа“, ја соопштил претседателот Никос Христодулидис за време на Самитот на ЕУ и веќе биле остварени низа контакти со земји од регионот и ЕУ како и со други засегнати страни и меѓународни организации.

Од грчка страна, дипломатски извори за медиумите брифирале дека Грција ја истражува можноста за создавање хуманитарен морски коридор за транспорт на основни продукти, а за конкретниот план „се водат разговори со директно заинтересираните страни, како и со европските партнери и меѓународните организации“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот