Грчки фудбалер кој живее во Турција: Не можев да станам од кревет, сѐ траеше 1,5 минута

Димитрис Коловециос/Земјотрес/ Фото Колаж на СП Профимедиа

Грчкиот фудбалер Димитрис Коловециос, кој живее во турскиот град Кајсери го опиша своето застрашувачкото искуство од земјотресот што ги погоди областите на југоисточна Турција и северна Сирија, пренесува грчкиот медиум „Прототема“.

„Се случи околу 4:30 часот, беше многу силен земјотрес. Со автомобил сме на околу 3 часа од центарот. Го почувствувавме многу силно. Бев во кревет и штом станав не можев да одржувам рамнотежа“, изјави тој за ТВ ОПЕН.

Грчкиот фудбалер го процени времетраењето на земјотресот на 1,5 минута, додавајќи дека „имало многу последователни потреси“. „Сите плачеа, влегуваа во автомобили. Настана гужва“, додаде тој за првите реакции по ударот во градот.

Како што додаде, покрај земјотресот, жителите на подрачјата имале проблеми и со снегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот