Грчки европратеник ја тужи државата откако медиумите објавија дека бил прислушуван

Фото: Архива

Грчкиот европратеник Јоргос Кирцос, чие име беше објавено во медиумите во Грција дека бил прислушуван, денеска поднесе тужби против поранешниот директор на Националната служба за разузнавање (ЕИП) и против обвинителка од ЕИП.

Тужбата, меѓу другото, се однесува на прекршување на безбедноста на телефонските комуникации до степен на кривично дело, прекршување на приватноста на комуникациите, како и на лични податоци итн.

Паралелно, во тужбата се повикува на натписите во медиумите според кои бил меѓу лицата следени од ЕИП.

Кирцос првпат беше избран за европратеник во 2014 година како кандидат од Нова демократија, по пет години доби втор мандат, а во февруари годинава беше избришан од партијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот