„Градски паркинг“ воведе зонско паркирање на една локација во Карпош 2: Ќе се шири ли зонското низ општината?

Градски паркинг / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ЈП „Градски паркинг“ информира дека започнува со воведување зонско паркирање на територија на општина Карпош. Засега во зона Д42 се организира паркиралиштето кај МИДА, на улицата Орце Николов, со која се опфатени 79 паркинг места, од кои две се наменети за граѓани со попреченост.

Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја користат услугата паркирање по цена од 0 ден, за две возила, а час паркирање чини 25 ден. Работното време на паркинг зоната е од понеделник до сабота од 7 до 23 часот, а недела и државни празници се неработни т.е. нема да се врши на наплата за услугата паркирање. Корисниците на зона Д42 ќе може да ги достават своите барања во нашата нова канцеларија, започнувајќи од вторник, 07.11.2023. Работното време на Канцеларија Карпош, која се наоѓа на улицата „Дрезденска“, бр.15/3, е секој работен ден 8 – 22  часот и сабота од 9 до 17 часот. Недела и државни празници се неработни – соопштуваат од „Градски паркинг“.

Оттаму не соопштуваат дали ќе продолжи воведувањето на зонско паркирање и на други локации во општината, особено во оние населби каде што жителите имаат сериозен проблем со наоѓање слободни места за паркирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот