Градоначалникот Христовски: Во Крушево има 10 лица вратени од странство во самоизолација

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ соопшти дека има 10 лица кои се во самоизолација со изјава, поради тоа што се вратени од странство, но нема лица со решенија за карантин.

-Мерките од Владата и Министерството за здравство главно се почитуваат. Нема лица со решенија во карантин. Има 10 луѓе со изјава кои се во самоизолација, бидејќи патувале во странство. Во соработка со МВР како туристичко место, им укажавме на граѓаните и на туристи дека не смеат да се собираат за време на пандемијата, вели Христовски.

Општината ги затворила сите објекти со поголема фреквенција на народ, а општината работи со скратено работно време.

Општинскиот кризен штаб, како што вели Христовски, формирал и тимови од млади за да им помага на постарите за набавување на намирници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот