Град Скопје ги објави повиците за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Фото: Град Скопје

Град Скопје објави Јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година.

Како што информираат градските власти, целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот.

– Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30 отсто од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход – пишува во објавата на Град Скопје.

Граѓаните подетални информации за условите, начинот на пријавување на јавниот повик, начинот на спроведување на Јавниот повик и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да ги најдат на веб-страницата на Град Скопје (www.skopje.gov.mk). Покрај информациите, граѓаните ќе можат да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава која треба да се завери на нотар. Јавните повици и сите потребни документи сите заинтересирани можат да ги најдат и преземат на овој линк.

– Јавните повици ќе траат заклучно со 01.11.2022 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.За повеќе информации во врска со јавните повици, заинтересираните граѓани може да се обратат во Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје на телефонскиот број 02/3297- 303, како и на бројот 02/3207 548 – информираат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот