ГП Богородица отворен, Евзони затворен за влез во Грција

Граничниот премин Богородица од денеска е отворен за излез и влез во земјава, но од соседната страна копнената граница на Грција останува затворена за влез на туристи и патници најмалку до 1 јули.

Од дежурната гранична служба утрово информираа дека грчките гранични службеници денеска повторно ги враќале назад сите туристи, па дури и оние од Шенген зоната и ЕУ, за влегување во Грција ги насочувале да патуваат преку Бугарија, а преку Евзони моментно е дозоволен само излез на сите што заминуваат од Грција.

Исклучок за влез во Грција се прави само за патници кои имаат регулиран престој во Грција, како и за транзитниот сообраќај кој се одвива како во нормални прилики.

Од денеска слободен влез во земјава им е дозволен на грчките државјани, но од утринава на влез во земјата се регистрирани само десетина грчки возила, рекоа од дежурната служба на ГП „Богородица”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот