Гостиварец бил измамен за наводно вработување на неговата девојка

Гостивар/Фото: МИА

Според СВР Тетово, Ј.М. (23) од Гостивар синоќа пријавил дека пред извесно време бил измамен од женско лице од Скопје.

Гостиварц пријавил во полиција дека бил измамен од женско лице на кое ѝ дал пари за да помогне при вработување во државна институција.

Според СВР Тетово, Ј.М. (23) од Гостивар синоќа пријавил дека пред извесно време бил измамен од женско лице од Скопје. Гостиварецот преку социјалната мрежа Фејсбук, претходно се запознал контактирал, а таа му ветила дека ќе му помогне за вработување на неговата девојка. За таа услуга му побарала да плати илјада евра.

Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар и платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот