„Господари на патеките“ во Скопје

фото: Слободен Печат

Скопје-Велоград е проект кој го започна поранешниот градоначалник Коце Трајановски, а со него продолжи и неговиот наследник, Петре Шилегов.

Но, велосипедистите и корисниците на електрични тротинети се соочуваат со многу бизарни проблеми. На многу места патеките не се довршени или се поставени на постојки за автобуси. Сепак, најголем проблем за истите се несовесните и недоволно информираните граѓани.

Секој ден го користам велосипедот како превозно средство до моето работно место, па од мојот дом до работа честопати имам проблеми со пешаците, кои се однесуваат како да се „Господари на патеки“. Многупати и покрај сигналите кои ги давам за предупредување, се соочувам со навредливи коментари (секоја чест на исклучоци), па дури во повеќе наврати сум имал вербален конфликт, а неколку пати за малку имам избегнато и физичка пресметка со „нервозните“ граѓани, кои и покрај тоа што се виновни, ме навредувале затоа што сум возел по патеката.

На патеката кај автобуската станица „Комплекс банки“, поради невнимание на пешаците ме имаат турнато од велосипед, затоа што без да забележат дали некој велосипед се движи по патеката, истрчуваат да го фатат автобусот, или гледаат во мобилните телефони и ненадејно го менуваат своето движење. Ретко кој ќе ти се извини, но повеќето ќе те нападнат вербално. Колку и да се трудат велосипедистите да внимаваат на патеките, сепак културата на граѓаните е на многу ниско ниво, за разлика од многу земји каде што градскиот велосипедизам е на многу повисоко ниво. Истото се случува и со возачите на автомобили, кои велосипедистите не ги сметаат за учесници во сообраќајот.

Горан Петрушевски – Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот