„Горд сопруг“: Сопругата на Сашко Коцев стана доктор на науки

Фото: Фејсбук, Сашко Коцев/УКИМ

Актерот Сашко Коцев ја сподели убавата вест дека неговата сопруга, лекарката Смиљана Бундовска ја одбранила својата докторска дисертација на Медицинскиот факултет во Скопје и дека станала доктор на медицински науки.

„Горд сопруг“, кратко напиша актерот и сподели објава во која се вели дека осум докторки на науки, сите од областа на медицината и здравството биле промовирани вчера во аулата на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а меѓу нив е и неговата Смиљана.

Сашко и Смиљана се во среќен брак веќе девет години. Како долгогодишен водител на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, во 2012 година Сашко ја искористи приликата јавно да ја запроси Смиљана. Неколку месеци подоцна, тие направија магична свадба во Куршумли ан.

Во 2017 година, Сашко и Смиљана станаа горди родители на ќеркичката Јоана.

„Златна Бубамара“ – Сашко Коцев ја запроси својата девојка from Mnogoo Media on Vimeo.

Сашко Коцев со фотографија ја одбележа 9-тата годишнина од бракот со сопругата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот