Голманот на РК Алкалоид, Галевски: Војводина е сериозен противник

Тренинг на ракометарите на Алкалоид во салата „Слана Бара“ во Нови Сад, Србија/фото: РК Алкалоид

Денеска од 18.45 часот македонскиот вицешампион Алкалоид ќе го игра петтото коло од групата „Ф“ во Европската лига на ЕХФ против Војводина во Нови Сад, Србија.

Ракометарите предводени од тренерот Кирил Лазаров во понеделникот го имаа официјалниот тренинг во салата „Слана Бара“.

Вториот меч од оваа група ќе се игра од 20.45 часот меѓу екипите на Ла Риоха и Бјерингбро/Силкеборг.

На табелата по четири кола по шест бодови имаат Бјерингбро/Силкеборг и Војводина, три Ла Риоха, а еден Алкалоид.

– Нè очекува голем предизвик. Војводина е сериозен противник, но ние сме подготвени и мотивирани да излеземе на терен и да се надигруваме во Нови Сад – изјави голманот на РК Алкалоид, Иван Галевски.

Судии на денешниот меч ќе бидат Ернест Агакиши (Азербејџан) и Емил Агакиши (Азербејџан), а ЕХФ делегат е Емир Бешлија од Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот