Големата љубов на Роберт Шуман, жената од некогашната банкнота од 100 германски марки

Facebook

Иако светот ја памети како љубовта на Шуман, Клара била врвна пијанистка и композиторка. Нејзината биографија е приказна за една од ретките жени на ова време која успеала да оствари меѓународна кариера во епоха во која владееле исклучително мажите.

Нејзиниот портрет на многумина им е познат од некогашната пара од 100 германски марки. Оваа композиторка и успешна пијанистка чија концертна кариера траеше дури цели 61 година, уште како девојче настапувала пред големиот Гете. Сепак најпозната е како голема љубов на славниот композитор Роберт Шуман.

Facebook

Клара Џозефина Вик била родена на 13 септември 1819, во Лајпциг. Родителите се развеле кога имала четири години, а таа останала да живее со таткото Фридрих, кој студирал теологија, ама се прославил како одличен професор по клавир. Таткото набргу го увидел талентот на Клара, и сметал дека треба да го добие најдоброто музичко образование, дури и на штета на нејзиното општо образование. Клара со него учела клавир и виолина, а теорија и музика учела со најдобрите професори кои постоеле во Лајпциг, Дрезден и Берлин.

Со 9 години, во 1828, Клара свирела пиано во куќата на докторот Ернста Карус, директор на психијатриската клиника. На таа уметничка вечер бил повикан уште еден млад и талентиран пијанист, 9 години постар од Клара, Роберт Шуман. Воодушевен од настапот на Клара, Шуман побарал од мајка му дозвола да ги напушти студиите по право, кои никогаш не го интересирале, и да почне да зема часови од таткото на Клара. Шуман следната година живеел во семејството Вик. Во тоа време, Клара растела покрај строгиот и амбициозен татко кој се обидувал од неа да направи „чудо од дете“. Покрај тоа, заедно со Шуман, водела дневник за сопствениот живот.

До 1838, кога имала 19 години, Клара под патронатот на татко ѝ, кој воедно и бил и менаџер, настапувала на турнеја во Германија, Австралија и Франција. Свирела пред Гете, Паганини, Лист, а како тинејџерка почнала и сама да компонира. Сама почнала и да го избира својот репертоар, го свирела Бах, Скарлати, Моцарт, Бетовен, Шуберт, Шопен, Менделсон и композиторот кој никој не го изведувал – Роберт Шуман. И сè тоа го свирела напамет, без партитури.

Facebook

До 1836 година, Клара била потполно маѓепсана од Шуман. Татко ѝ пак сметал дека Шуман е само еден во низата на непознати композитори, додека неговата ќерка веќе била позната и признаена. За да ги ограничи средбите на Клара и Шуман, Фридрих Вик ги прекинал сите односи со Шуман, а Клара ја испратил во Дрезден, организирајќи ѝ густ распоред на настапи кои траеле и по седум месеци.

Facebook

Со години Клара била поделена меѓу двата најважни мажи во својот живот. Бидејќи била малолетна, по германскиот закон, не смеела да се омажи без дозвола на татко ѝ, која не можела да ја добие, а Шуман се обидувал преку суд да добие дозвола, ама бидејќи Фридрих Вик изнел низа обвинувања на негова сметка, од финансиска неодговорност до алкохолизам, судот го забранил склопувањето на брак. По година судска битка, Клара и Шуман се венчале во 1840, ден пред нејзиниот 21. роденден. Четири години живееле во Лајпциг, каде Шуман доживеал неколку нервни слома, па по препорака на лекарот се преселиле во Дрезден. Во текот на бракот, Клара родила 8 деца, а едно и починало.

И покрај создавањето на толку големо семејство, Клара продолжила да настапува и да оди по турнеи, да компонира, да држи часови по клавир, и цело време да го поддржува својот маж во работата и кариерата.

Facebook

Клара и Шуман во 1853 година го запознале младиот и талентиран Јоханес Брамс, кој некое време живеел со нив. Брамс често се грижел за децата додека Клара била по турнеи, и останал близок нејзин пријател до крајот на животот. Во следните години, пријателите навистина и биле потребни, зашто како што времето минувало, Шуман сè повеќе пател од својата ментална болест, дури и се обидел да се самоубие во 1854., скокајќи во замрзната река од која во последен миг го извлекол некој рибар.

Контроверзиите во многубројните негови биографии се појавиле околу неговото заминување во болница. Голем број биографи се обиделе да докажат дека Клара го испратила маж и во санаториум, подгревајќи ја оваа верзија дека во болницата го посетила само два дена пред смртта. Според други биографи, Шуман сам барал да го сместат во болница за да не му наштети на семејството, пред се на Клара. Зашто докторите го сметале за опасен, на Клара и било забрането да го посетува. Шуман умрел во јули, 1858, а Клара станала вдовица на само 37 години.

После неговата смрт, Клара се издржувала давајќи часови и настапувајќи. Нејзините композиции останале релативно непознати до 1870. Во текот на овие години Клара најмногу се посветила на делата на Шуман, а на концертите само нив ги изведувала. Од 1878., станала главна професорка по клавир на конзерваториумот во Франкфурт, а и понатаму настапувала како пијанистка. Часови држела сè до смртта,  починала од срцев удар во 1896.

Иако светот ја памети како љубовта на Шуман, за Клара денес се зборува како за врвна пијанистка и композиторка. Нејзината биографија е приказна за една од ретките жени на ова време, која успеала да оствари меѓународна кариера во епоха во која владееле исклучително мажите и да се избори за своето место во историјата на музиката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот