„Гол-машината“ Халанд ќе го урне рекордот на Манчестер сити!?

Ерлинг Халанд има нов спонзор/Фото: EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Според најновите шпекулации норвешкиот интернационалец се очекува да биде наследникот на Серхио Агуеро во клубот од „Етихад“.

Оваа зима Манчестер сити не беше многу активен на трансфер пазарот, но по завршувањето на оваа сезона се очекува да го освежи нападот со Ерлинг Халанд.

Голгетерот на Борусија од Дортмунд би можел да го облече дресот на „граѓаните“ за 77 милиони евра, колку што изнесува излезната клаузула наредното лето.

Агуеро има договор со Сити до крајот на сезонава и засега нема никакви најави за продолжување на соработката. Норвежанецот е означен како замена за најдобриот стрелец во историјата на премиерлигашкиот клуб.

А покрај Манчестер сити, интерес за Халанд покажува и Челси. Доколку го избере Сити, тогаш ќе биде најскапо платениот фудбалер на тој клуб, бидејќи досегашниот рекорд изнесува 76 милиони евра колку што беа вложени за Кевин Де Брујн кој направи трансфер од Волфсбург.

Барселона го носи единствениот играч кој може да го задржи Меси на „Камп Ноу“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот