Ѓоковиќ е како Реал Мадрид: Кога ќе ве повика тргнувате веднаш и тоа пешки

Горан Иванишевиќ е тренер на Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Горан Иванишевиќ наскоро ќе наврши една година како е дел од стручниот штаб на првиот рекет на АТП ранг листата. Иванишевиќ се приклучи на тимот на Ѓоковиќ непосредно пред ланското издание на Вимблдон на кое триумфра српскиот тенисер во епско финале против Рожер Федерер по што соработката беше продолжена.

Со Иванишевиќ покрај Маријан Вајда, српкиот тенисер триумфира и на Австралија Опен годинава.

– Повикот од Новак е исто како јас да сум фудбалски тренер и да ме бара Реал Мадрид. Веднаш тргнувате и тоа пешки, Новак Ѓоковиќ не се одбива. Што можам да го научам Новак? Тој е личност која постојано сака да напредува, постојано зборуваме и гледаме како може да се подобри и усоврши неговата игра. Затоа тие тројца, Ѓоковиќ, Надал и Федерер се таму каде што се, на врвот во тенисот. Секако дека може нешто да се подобри, а Ѓоковиќ како и Рожер и Рафа, не се плашат да учат, да напредуваат и ја прифаќаат секоја сугестија.

Сега вториот сервис му е многу посилен, не му реков да сервира со 190 км на час, туку работевме на техниката и се приметува напредокот. Секогаш има место за напредок, Ѓоковиќ сака да биде запомнет како најдобар тенисер на сите времиња, сака да ги собори сите рекорди и затоа прифаќа сугестии – вели Иванишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот