Го урна рекордот: Гулабица продадена за 1,6 милиони евра

twitter

Њу Ким, двегодишна гулабица за трки од белгиската одгледувалница, е продадена на аукција во Брисел на кинески купувач по рекордна цена од 1,6 милиони евра, објави интернет аукциската куќа „Пипа“.

Двајца кинески лицитатори, под псевдонимите Супер Дупер и Хитмен, ја зголемиле очекуваната цена за 280.000 евра во последниот половина час од аукцијата и го надминале претходниот рекорд од 1,25 милиони евра од март 2019 година, за колку што беше продаден другиот белгиски гулаб Арман.

Супер Дупер ја добил птицата, а зад псевдонимот наводно стои истиот богат кинески индустријалец кој веќе го купил Арман, овозможувајќи размножување со две скапи птици, пренесува АП.

Ова е уште еден доказ дека вековното хоби идентификувано со мажите од работничката класа сега има нов, елитистички странски живот. Врвните одгледувачи што се потпираат на генерациите на семејното искуство, сега можат да ги продаваат своите птици по цени неверојатни пред само една деценија, а нивната честа дестинација е Кина.

Овие рекордни цени се неверојатни, затоа што станува збор за гулабица. Арман беше мажјак. Обично мажјакот вреди повеќе од женката, бидејќи може да остави повеќе потомство“, рекол Николас Гизелбрехт, извршен директор и основач на „Пипа“.

Гизелбрехт изјавил дека Њу Ким има две години и учествува во трките од 2018 година, како и дека ја стекнала титулата најдобра млада птица во Белгија, но морала да се повлече порано. Гулабите обично можат да се размножуваат до 10-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот