Го каснала мачка, па се заразил со инфекција непозната за науката

Фото: Pexels/ Crina Doltu

Ако случајно ве касне некоја симпатична мачка на улица која сте решиле да ја погалите, можеби сте во поголема опасност отколку што мислите.

Таков случај е 48-годишен маж од Обединетото Кралство, кој откако го каснала улична мачка, се заразил со бактерија каква што научниците досега не ја виделе, пренесува „Саенс алерт“ („Science Alert“).

Реакцијата на неговиот имунолошки систем на овој непознат микроорганизам била неверојатна. Само осум часа, откако неколку пати бил каснат од мачка, рацете на човекот отекле до тој степен што морал да побара итна медицинска помош.

Таму му биле исчистени и преврзани раните од каснувањето, а тој добил и вакцина против тетанус пред да биде испратен дома со антибиотици.

Еден ден подоцна, тој морал да се врати во болница. Два прсти на левата рака беа отечени, како и двете подлактици.

Лекарите морале хируршки да го отстранат оштетеното ткиво околу раните. Тој, исто така, добил три различни видови на антибиотици интравенски и му биле дадени орални антибиотици за да продолжи со терапија.

Овој пат лекувањето било успешно и мажот целосно закрепнал, но лекарите во болницата продолжиле да се обидуваат да откријат што точно се случило.

Кога ги анализирале микроорганизмите присутни во примероците од неговите рани, откриле дотогаш непознат организам, кој личи на стрептокока.

Фото: Twitter/ Emerging Infectious Diseases

Посебен вид бактерии

Стрептока е вид на бактерија која е поврзана со менингитис, стрептокока на грло, бактериска пневмонија и конјунктивитис, меѓу другото. Но, кога научниците истражувале дел од геномот на оваа бактерија, не пронашле ништо слично што претходно им било познато.

Тоа било сосема нова бактерија која никогаш претходно не била формално евидентирана.

Тие во новата студија откриваат дека бактеријата припаѓа на друг вид, наречена „глобикатела“. Целосното геномско секвенционирање на бактеријата сугерира дека станува збор за бактерија која се разликува од сличните, сродни варијанти како што е „G. sulfidifaciens“, за околу 20 проценти, што укажува на тоа дека станува збор за „посебен вид кој не бил опишан претходно“.

G. sulfidifaciens е бактерија која е отпорна на неколку видови вообичаени антибиотици, што значи дека е тешко да се елиминира од телото.

Добрата вест е што новата варијанта реагирала на дел од антибиотиците, но приказната сепак служи како предупредување за јавноста.

„Овој извештај ја нагласува улогата на мачките како носители на претходно неоткриени видови кои имаат патоген потенцијал за луѓето“, напишаа авторите на студијата.

Каснувања и гребаници на мачки што ја пробиваат кожата резултираат со приближно 66.000 посети на болници секоја година во САД. Многумина бараат антибиотици, па дури и операција, за да се спречат сериозни инфекции.

Како и сите животни, мачките се носители на исклучително опасни патогени. Фактот дека тие имаат  остри заби и канџи значи дека тие можат да ги внесат овие патогени длабоко во нашата кожа.

Ако некое лице е изгребано или каснато за зглобот од мачка, повредата може да биде тешка за лекување.

Доколку ве нападне мачка скитник, лекарите препорачуваат веднаш да ја измиете раната со сапун или сол и без одлагање да го посетите вашиот лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот