ВИДЕО | Ѓоковиќ се мачеше, но го победи Медведев

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Новак Ѓоковиќ веќе го имаше обезбедено пласманот во полуфиналето како првопласиран во групата на завршниот мастерс во Торино, а денес иако не му значеше многу сепак славеше победа против Данил Медведев.

Не стигна воопшто лесно, се мачеше Ѓоковиќ цели три часа и 11 минути за на крајот да слави со 6:3, 6:7(5), 7:6(2). Првиот сет не најавуваше таква жестока борба бидејќи Ѓоковиќ го доби со 6:33 со брејк во осмиот гејм.

Ѓоковиќ во вториот сет прво имаше проблеми со едното око, па повика медицински тајм-аут, тоа го измести неговиот фокус па го изгуби сетот во тајбрејк со 7:5. Третиот сет донесе уште поизедначена игра и повторно се решаваше во тајбрек, овојпат Ѓоковиќ беше подобар со 7:2.

Од 21:00 часот утре Ѓоковиќ го чека меч против Тејлор Фриц за осмо финале на завршните турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот