Гимназијата „Никола Карев“ победник на Европското првенство за кошаркари од средни училишта

фото: Федерација на училишен спорт на Македонија

Македонската кошаркарска федерација беше домаќин на уште еден голем настан на почетокот на летниот период од оваа календарска 2023 година.

Во Скопје се одржа Европското првенство за кошаркари од средни училишта. Нашиот главен град ги пречека најдобрите 200 средношколци од седум европски држави, меѓу кои и четирите најдобри македонски тимови во женска и машка конкуренција кои се надигруваа за престижниот трофеј.

Главниот промотор на оваа европска манифестација беше претседателот на федерацијата, Перо Антиќ.

Во машка конкуренција шампионскиот пехар заврши во рацете на СУГС гимназија „Никола Карев“ – Скопје.

Во финалето „Никола Карев“ триумфираше против Бохумил Храбал од Чешка со резултат 99:95.

Кај жените златниот медал го освои чешката гимназија „Припоточни“ – Прага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот