Германските зоолошки градини бараат помош од 100 милиони евра

Германските зоолошки градини кои се затворени како резултат на пандемијата на коронавирусот, денеска побараа од државата помош од 100 милиони евра.

-За разлика од другите установи, ние не можеме да преминеме во режим на штедење. Животните треба да продолжат да се хранат, изјави Јерг Јунхолд, директор на зоолошката градина во Лајпциг и претседател на германската Асоцијација за зоолошки градини.

Тој рече дека зоолошките градини работат со недели без приходи, но со исти трошоци. Според него, една „поголема зоолошка градина”, како онаа во Берлин, има неделни загуби од околу половина милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот