Германските мигранти ќе добиваат посебни дебитни картички за да се спречи трансферот на пари во странство

Германија/ фото: Pixabay

Германија денеска го отвори патот за воведување на специјална дебитна картичка која ограничува како и каде барателите на азил можат да ги трошат парите што ги добиваат, во пресврт кон построга мигрантска политика.

Трите парламентарни групи на коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц се договорија за нацрт-законот што ќе оди на гласање во Долниот дом на парламентот, откако Зелените го поддржаа нацртот по неколкумесечни преговори, објави Хина.

Картичката е дизајнирана да ги контролира средствата на барателите на азил и да спречи трансфер на пари во странство. Сојузните покраини на Германија, од кои некои самостојно воведоа такви потрошувачки картички, се залагаа за законодавство на национално ниво.

Слободни демократи (ФДП) веруваат дека ги мотивираат мигрантите да дојдат во Германија. Канцеларот Шолц и неговите социјалдемократи (СПД) се обидуваат да го намалат бројот на баратели на азил со цел да ја намалат поддршката од гласачите за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот