Германскиот сојузен суд не дозволи евтаназија на двајца тешко болни пациенти

Евтаназија/ Фото: МИА

Германскиот сојузен суд денеска не дозволи двајца тешко болни мажи да добијат смртоносна доза од лекот натриум пентобарбитал, тврдејќи дека државните закони забрануваат евтаназија.

Двајца мажи, едниот со напредна мултиплекс склероза, а другиот со рак, побарале дозвола да добијат смртоносна доза лекови.

Сојузниот управен суд се повикува на клаузула од Законот за наркотици, според која барањето ќе биде одбиено доколку не е во согласност со целта на Законот „да се обезбеди потребната медицинска нега на населението“ и да се спречи злоупотребата на дрога.

Адвокатот на тужителите Роберт Розбруч изјави дека ќе го достави случајот до Уставен суд.

Германските пратеници во јули не успеаја да се договорат за новите правила за евтаназијата. Сојузниот уставен суд во 2020 година пресуди дека забраната, што беше воведена пет години порано, го нарушува правото на граѓаните да ги одредат околностите на сопствена смрт, ограничувајќи ја можноста да бараат помош од трето лице.

Активна помош за физичко одземање на животот на пациентот е забранета во Германија, но пасивната помош, како што е давање смртоносни лекови, е легална сива зона.

Ова прашање е особено чувствително во земја каде што беа убиени повеќе од 200.000 лица со физички и ментален хендикеп како дел од програмата за евтаназија спроведена од нацистите пред речиси 100 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот