Германија: 81-годишна жена со автомобил влетала во тамвајска станица, најмалку 12 повредени

Најмалку 12 лица се повредени, од кои три потешко, кога 81-годишна жена влетала со возило меѓу насобрани луѓе на тамвајска станица во германскиот град Есен.

Како што соопшти полицијата, трамвајот застанал за патниците да се симнат од него, кога неименуваната жена удрила во нив, пренесува „дпа“.

Надлежните претпоставуваат дека станува збор за несреќен случај.

Меѓу повредените е и 81-годишната жена, како и нејзниот сопатник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот