Умаг, Хрватска / Фото: Google Maps / Tomas Kostelka

Германец е уапсен во Хрватска, снимал деца на плажа со специјален рачен часовник

Германец (31), кој неделава бил фатен како со рачен часовник снима голи деца на плажа во Истра во Хрватска, бил предаден на единицата за притвор на Полициската управа со кривична пријава, јавува „Н1“.

Полицијата утврдила сомнение дека Германецот сторил кривично дело експлоатација на деца за порнографија.

Во вторникот вечерта, посетители на плажата го забележале Германецот како снима голи деца со рачен часовник со интегрирана камера и веднаш го пријавиле сомнителното однесување во полиција.

Полицијата ги претресла просториите, возилото и техничката опрема што ја користел Германецот, како и содржината што ја снимил, каде што пронашла инкриминирачки материјали.

„Криминалистичките истражувања како ова покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека граѓаните препознаваат сомнително однесување, што ѝ овозможува на полицијата навремено да реагира и да ги уапси сторителите“, соопшти полицијата.

Полицијата ги повикува родителите да ги чуваат своите деца и да следат каде се и што прават на плажата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот