Георгиевски: Страшно е што се оправдува насилството врз Пендиков, тој е најактивен волонтер на Црвениот крст

Љубчо Георгиевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вели дека е „страшно тоа што македонската јавност го оправдува нападот врз момчето во Охрид“.

Во објава н Фејсбук, претседателот на ВМРО-Народна партија, оценува дека „поголем дел од македонската јавност“ се обидувал да го оправда тепањето на 21-годишниот Христијан Пендиков.

„Загрижувачки и застрашувачки е обидот на поголем дел од македонската јавност да го оправдаат тешкото насилсство на 22 годишно момче,со скршена вилица на устата,скршени ребра и пукнат пршлен. Прогласен за најактивен волонтер на Црвен крст за 2021 во Охрид“, пишува Георгиевски во објавата.

Пендиков, кој во бугарските медиуми беше претставен како секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, пред неколку дена беше претепан од страна на, како што тврди, тројца напаѓачи, при што му била скршена вилицата и имал други тешки повреди. Тој еден ден по инцидентот беше пренесен во Бугарија на лекување, со авион на бугарската влада.

Иако бугарските власти и медиуми уште од првиот ден, пред воопшто да почне истрагата, оркестрирано наведуваат дека Пендиков бил тепан поради тоа што се чувствувал како Бугарин, македонските медиуми објавија дека тој бил нападнат од познати охридски насилници, а дека причината за тепачката биле претходно нерасчистени сметки. Медиумите пренесоа и дека 21-годишниот Пендиков пред само еден месец бил уапсен откако кај него полицијата пронашла кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот