Георгиевски му порача на Груевски: Сè што ми направи мене сега ти го прават тебе

Љубчо Георгиевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поранешниот премиер лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сега на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски преку Фејсбук му порача на поранешниот премиер, претседател на партјата и сопартиец Никола Груевски дека се што му правел нему, сега му се враќа.

-Се што ми направи мене сега ти го прават тебе и тоа по учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни- напиша Георгиевски.

Тој во објавата споделил порака и до, како што вели, ВМРО-Шумадија.

-Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер,што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартиjци кои лежат по затворите вклучувајки ги и од „27-ми април“. Да и помогнете на Македонија на патот до Европа, истакнал претседателот на ВМРО-Народна партија.

Георгиевски пред една недела побара амнестија и за осудените од „27 април“. Според ВМРО Народна со амнестија на осудените за „27 април“ Македонија ќе покаже решителност и зрелост за затворање на тој случај и конечно отворање на процес кон внатрешно помирување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот