Геополитиката од Европа се сели во Азија: САД го претвораат Пацификот во база за пресметка со Кина

Морнарица САД вежби/ Фото Handout / AFP / Profimedia

Театарот на глобалната геополитичка борба брзо се движи од Европа кон Азија, особено кон Далечниот Исток – каде најсилно се судираат интересите на големите светски сили и нивните регионални сојузници и партнери. Ако таму „пукне“ и за тоа се создаваат сите потребни предуслови (остра, речиси непријателска реторика е посилна, се склучуваат сојузи и разни политички, економски и воени пактови, се концентрираат воени сили, се вршат воени вежби од големи размери „еден пред друг“ до нос“, масовно доставување оружје на сојузниците итн.) нема да биде добро, пишува реномираниот портал „Геополитика“.

Како што наведува порталот во својата анализа за овие глобални превирања, ова веројатно би значело и почеток на Третата светска војна – која за прв пат не би започнала на европско тло. Ова пак јасно покажува колку пораснала важноста на Азија, особено нејзиниот југоисток, како најпропулсивен и најбрзо растечки светски регион во сите клучни сегменти: демографски, економски, воен и тоа во време кога Западот го тресе сè поголемата економска и енергетска криза, додека безбедносната криза е доведена до самиот раб низ призмата на украинската војна, каде што сега веќе на сите им е јасно дека Русија и Западот се судираат на бојното поле.

Во овој контекст, дали САД ќе бидат подготвени да отворат уште еден воен фронт оној со Кина, во својот двор, каде што несомнено има и воени и логистички предности останува да се види тоа како што наведува порталот најмногу ќе зависи и од внатрешните американските односи, односно релациите меѓу демократите и републиканците на новата сесија на Конгресот, каде вторите бараат поостар однос кон Кина, ставајќи ја Украина во втор план.

Меѓународната заедница моментално се наоѓа на историска „пресвртна точка“ поради пандемијата „Ковид-19“ и борбите во Украина што „го тресе светскиот поредок до темел“.

Сепак од другата страна на Пацификот се надѕира друг играч на геопокитичката маса. На 4 јануари, јапонскиот премиер Фумио Кишида пред самитот на Г7 во Хирошима истакна дека Истокот мора да биде поле за стабилизација на глобалната карта во годините што следат а тоа ќе се случи само со големи сојузи.

„Силно ќе ги отфрлиме обидите за еднострана промена на статус кво со сила, заканата од нуклеарно оружје и ќе го поддржиме меѓународниот поредок заснован на владеење на правото“, нагласи Кишида, чија изјава беше објавена на официјалната веб-страница на Јапонската влада.

Токио има намера да му ја покаже на светот „силната волја“ за Г7, наведува медиумот.

Како клучен американски сојузник во Азија, Токио силно застана на страната на Соединетите Американски Држави во нивните антикинески и антитурски политики. Се разбира, второто не би било можно без дозвола на Вашингтон, имајќи предвид дека Јапонија беше поразената страна во Втората светска војна и како таква, исто како и Германија, има ограничен суверенитет во однос на својата надворешна политика, но несомнено и во развојот на нејзините вооружени сили.

Во исто време со таквата ненадејна промена во својата надворешна и одбранбена политика, Јапонија предизвика отворена загриженост кај другите две клучни светски суперсили – Кина и Русија. И двете суперсили периодов изразија негативен став кон споменатите јапонски намери, пред се Кина, која има исклучително лоши историски искуства со Јапонија и која во Втората светска војна војуваше со таа земја и поради злосторствата извршени од јапонската империјална армија.

Од друга страна по повод овие ставови на Токио реагираше и руското Министерство за надворешни работи. Москва остро се спротистави на новата политика на Токио кон Русија – започната по нејзината воена инвазија на Украина на 24 февруари минатата година, кога премиерот Фумио Кишида се приклучи на строгите западни антитурски санкции. Ова, пак, доведе до одговор на Москва и нејзино суспендирање на сите договори постигнати досега и макотрпно изградени поврзани со четирите спорни острови на архипелагот Јужен Курил.

Сево ова навестува дека можеби САД го претвораат Пацификот во база за идна пресметка со Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот