Генерал Каволи: Украина, без американска поддршка, наскоро ќе остане без артилериски гранати и системи за ПВО

Фото Миа

Командантот на европската команда на американската армија Кристофер Каволи денеска изјави дека Украина, без американска поддршка, наскоро ќе остане без артилериски гранати и системи за противвоздушна одбрана.

„Ако едната страна може да пука, а другата не може да возврати, таа ќе изгуби“. Влоговите се многу големи“, изјави Каволи пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.

Тој предупреди дека без помош, Украина „ќе остане ранлива на делумен или целосен пораз“.

Републиканскиот претседател на Претставничкиот дом одбива да свика гласање за нацрт-законот со кој на Украина ќе и се додели помош од 60 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот