Генц од Тетово го освои срцето на ќерката на Стивен Спилберг! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Ќерката на еден од најпознатите режисери во светот, Стивен Спилберг, Дестри Алин се сврши со нејзиното момче Генц Легранд, кој има потекло од Тетово – пишува „Алсат.мк“.

Веста ја соопшти лично Алин во петокот на нејзиниот профил на Инстаграм.

Инаку Генц Легранд е син на радиологот од Тетово, Кабил Тахири кој живее во Швајцарија.

Дестри сподели две фотографии, една со нејзиното момче и друга со вереничкиот прстен.

Да се надеваме дека семејството на Генц ќе организира свадба и во неговото родно место, па така ќе имаме прилика да го видиме славниот режисер во нашата земја…

;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот