Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Полнети суви пиперки

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.
Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – полнети суви пиперки.

– Овие полнети суви пиперки се посни, а имаат префинет вкус. Бидејќи се посни, секогаш ги подготвувам за Бадник и за нашата куќна слава – вели Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

• 12-15 суви црвени пиперки
• половина праз сечкан на коцки
• морков сечкан на коцки
• компир поголем или два мали рендани
• 150 грама ориз
• две чешниња лук
• две лажици црвен пипер
• лажичка лут буковец
• лажица сув магдонос
• сол и бибер
• 100 грама мелени ореви
• 50 грама сечкани ореви
• 200 мл доматен сос
• 3-4 ловорови листови

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Сувите пиперки исчистете ги од семето, измијте ги и ставете ги во врела вода да се варат 15 минути, да омекнат.

На малку масло динстајте го исечканиот праз па додајте го морковот, да се динстаат додека да омекнат, потоа додајте го измиениот ориз, кратко да се прокрчка, па се додава компирот. Се полева со 250 мл вода и се динста со повремено мешање, додека испари водата. Кога оризот е сварен Al dente се додава лукот преку преса се динста се заедно кратко па се додаваат зачините црвен пипер, буковец, магдонос, сол и бибер по вкус и на крај се додаваат ореви. Измешајте се заедно да се соедини и тргнете го од оган.

Исцедете ги пиперките и наполнете ги со смесата. Наредете ги на намрсена тава, густо во два реда. Полијте ги со 200 мл топла вода, па со доматниот сос, ставете ловоров лист, затворете ги со капак или алуминиумска фолија и ставете ги во загреана рерна на 180 степени, да се печат 45 минути. Пред крајот извадете ја фолијата/капакот, да се запечат малку пиперките.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот