Гасот во Европа падна под 35 евра за мегават час за прв пат од 2021-та

Компресор на гас
Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Цената на природниот гас во Европа се намали за 3,06 отсто од 17 часот и 12 минути по бугарско време во однос на котациите на затворањето на берзата синоќа. Ова го покажуваат податоците од најновото ажурирање на Лондонската берза (ICE) во моментов.

Јунските фјучерси на центарот TTF во Холандија се тргуваат по 34,85 евра за мегават час или нешто повеќе од 380 долари за 1.000 кубни метри.

Податоците од најголемата европска берза за гас покажуваат дека цената на природниот гас не била толку ниска од 17 декември 2021 година, кога изнесувала 33,59 евра за мегават час или нешто повеќе од 360 долари за 1.000 кубни метри. Утрово берзата се отвори по цена од 36,15 евра за мегават час, а синоќа се затвори по 35,95 евра за мегават час, јави БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот