Гардијан: Смртта на кралицата ќе биде голем тест за поделената Британија

Велика Британија знаме фото EPA-EFE/LAURENS VAN PUTTEN

Настаните што следат по смртта на кралицата се целосно предвидливи, тие се свечени формалности вкоренети во ритуалите на династичкото наследување.

Британското општество ја дочека смртта на кралицата Елизабета Втора , подготвена, но сепак шокираната . И важно е проблематичната политика и бртианското рането граѓанско општество да се соочат со тоа што е можно помирно и разумно, бидејќи овој настан ќе одекнува политички и уставно во годините што доаѓаат.“ коментира „Гардијан“.

 

Владеење повеќе од 70 години кое нема да се повтори толку брзо

Елизабета беше на тронот толку многу години што го отежна овој процес не по своја вина. Таа владееше подолго од кој било друг монарх во британската историја и со значителна разлика. Таа е единствената која владееше повеќе од 70 години, што тешко дека ќе се повтори во догледна иднина. До вчера, таа беше единствениот монарх што огромното мнозинство на британските граѓани го знаеше – треба да имаш најмалку 75 години за да имаш барем малку сеќавање од владеењето на Џорџ Шести. Ова е голем, голем настан за Британија.

Таа претседаваше со систем на раководење на монархијата кој на некој начин изгледаше безвременски, но кој всушност беше прилагодлив и карактеристичен. Нејзината издржливост и нејзината вештина да ја одржува дистанцата оставија зад себе модел на монархија што на нејзиниот наследник Чарлс III нема да му биде лесно да го повтори, особено ако, како што е сосема возможно, тој не успее да ја добие почитта што ја уживаше Елизабета.
Невообичаено е Бакингемската палата, скржава и некомуникативна во вакви ситуации, доброволно да објавува искрена изјава за здравствените проблеми на монархот. Уште понеобично е тоа што расфрланите, а понекогаш и расправии членови на кралското семејство наизменично се собираат покрај креветот на монархот во Балморал.

Сепак, ова е моментот за кој новиот монарх се подготвува долго време и ќе биде одбележан со промени барем колку и со континуитет. Но, тоа е процес на промени во кој многу институции на британското општество, не само палатата, имаат право на свој став.

фото EPA-EFE/HOTLI SIMANJUNTAK

Дури и монархијата се развива

Дури и монархијата се развива, иако бавно. Таа се развиваше под владење на Елизабета, како што се развиваше и под нејзиниот претходник и татко , кралот Џорџ VI. Сигурно е дека понатаму ќе се развивава под Чарлс, кој е решен да го намали бројот на ангажираните членови на кралското семејство и кој исто така сигурно ќе престане да биде шеф на државата во многу земји од Комонвелтот, функции кои ги имаше како прицн престолонаследник . Сепак, надвор од ѕидините на палатата, се чини дека се развива колективна мистерија за тоакако британското општество во иднина ќе живее и функционира без кралицата Елизабета.

фото EPA-EFE/JOEL CARRETT

Не го потценувајте пресвртот што ќе го предизвика овој момент

Не го потценувајте пресвртот во британскиот живот што ќе го предизвика овој династички момент. Елизабета II помина 70 години како скромна, но исклучително ефикасна обединувачка сила во нацијата која видно се распарчуваше. Нејзината смрт ќе ја отстрани таа сила и тешко е да се претпостави дека нејзините наследници ќе можат да ја задржат. На свој начин, ова наследство ќе биде еден од најголемите тестови со кои ќе се соочи модерна Британија. Политиката ќе треба да се вклучи, и да помгоне во обединувањето заклучува „Гардијан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот