Галтие заборавил да ја обнови тренерската лиценца

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие/фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Сезоната во Лига 1 започна вчера со натпреварот меѓу Олимпик Лион и Ајачио, а актуелниот шампион ПСЖ кој вечерва му гостува на Клермон се соочува со големи проблеми поради тренерот Кристоф Галтие.

Имено, Фудбалската федерација на Франција (ФФФ) сè уште не го верификувала договорот на ПСЖ и тренерот Галтие, пишува „Лекип“.

Причина е поради тоа што Галтие не ја ажурирал тренерската диплома, односно УЕФА про лиценцата, која е должен да ја ажурира на секои три години со полагање на тест.

Галтие веќе стапил во контакт со техничкиот директор на ФФФ, Ибер Фурние за да се реши проблемот и се очекува тренерот на ПСЖ тестот да го полага за време на наредната репрезентативна пауза.

Дотогаш ФФФ би требало да му дозволи на Галтие да го води ПСЖ на натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот