ГАЛЕРИЈА | „Ла Томатина“: Улична борба со домати во шпанското гратче Буњол

Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO

Традиционалниот фестивал „Ла Томатина“, во кој учесниците фрлаат домати и влегуваат во борба со домати од чисто забавни цели, и годинава го прекри шпанското гратче Буњол во црвена боја.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“, во „борбата“ учествувале повеќе од 15.000 учесници, меѓу кои и многу странски туристи, а улиците во Буљол биле прекриени со 120 тони згмечени домати.

Цената на билетот за учество на фестивалот изнесувала 12 евра, а „борбата“ траела еден час.

Фестивалот „Ла Томатина“ започнал во последната среда од август во 1945 година, кога на градскиот плоштад се одржувала парадата на џиновите и големоглавите фигури. Големата глава на еден од учесниците паднала како резултат на веселбата. Учесникот се разбеснил и почнал да удира сè што ќе му се најдело на патот. Таму имало тезга со зеленчук и гневната толпа почнала да се гаѓа меѓу себе, додека полицијата не ја сопрела битката со зеленчук.

Следната година некои млади луѓе испланирале да инсценираат кавга и си понеле домати од дома. Иако полициските сили го сопреле и ова, годишната традиција започнала. Следните години, по примерот на младите момчиња илјадници луѓе го правеле истото.

Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO
Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO
Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO
Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO
Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO
Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO
Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO
Фото: EPA-EFE/MIGUEL ANGEL POLO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот