ГАЛЕРИЈА | Еден настан на модната недела во Лондон ги засени сите други: „Вог“ ги собра познатите светските имиња на едно место

Фото: Profimedia

Секогаш кога има настан организиран од магазинот „Вог“, дури и за време на модната недела во Лондон, присутни се најголемите познати светски имиња. Така беше и на светската модна ревија на Вог (Vogue World Fashion Show).

Сиена Милер, Рита Ора, Џоди Тарнер Смит, Емилија Кларк... Има многу дами кои ја красеа оваа вечер, а посебен впечаток оставија Вини Харлоу и секако клучното име на магазинот „Вог“, Ана Винтур.

Ана Винтур се појави во смела модна комбинација на цветен макси фустан со металик-сребрен капут и нејзините препознатливи темни очила. Ретко кој би се осмелил, но Ана фустанот го украси со повеќебојно ланче во три реда и како и секогаш оставила силен впечаток кај сите присутни.

Ана Винтур – Фото: Steve Vas / imago stock&people / Profimedia

Вини Харлоу  се појави на црвениот тепих на „Вог“ во максимален гламур. Црн кадифен фустан, со грандиозна бела наметка и долги ракавици од ист материјал како тоалетата и дадоа изглед на филмска дива. Кратката коса нагласена со масивна јака само го потенцираше впечатокот на модна авантура.

Вини Харлоу – Фото: Steve Vas / imago stock&people / Profimedia

Сиена Милер беше сосема поинаква. Таа беше инспирирана од оваа забава за да го покаже трудничкиот стомак, а за тоа одлично ја послужи необичен комплет во боја на слонова коска составен од надуено здолниште под колената и краток топ.

Сиена Милер – Фото: Doug Peters / PA Images / Profimedia

Ова се некои од највпечатливите модни изданија на светската модна ревија на „Вог“:

Рита Ора – Фото: CoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia
Кејт Винслет – Фото: Steve Vas / imago stock&people / Profimedia
Емилија Кларк – Фото: David Fisher / Shutterstock Editorial / Profimedia
Џоди Тарнер Смит – Фото: Steve Vas / imago stock&people / Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот