ГАЛЕРИЈА | Акцијата заврши успешно: Полицијата го разубеди лицето што сакаше да се самоубие кај „Мавровка“

 Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка”.  Човекот, кој сакаше да се самоубие, скокајќи од тераса на станбена зграда, е спасен.

Полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување.

ВИДЕО | Обид за самоубиство во Скопје: Маж сака да скокне од зграда

На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот