Фудбалерот Клејман, обвинет дека силувал девојка во ноќен клуб во Атина, ослободен со кауција од 20.000 евра

По исказот даден пред истражен судија, поранешниот голман на грчкиот фудбалски клуб Волос и на израелската репрезентација Борис Клејман, кој во вторникот беше уапсен под обвинение дека во ноќен клуб во Атина силувал малолетничка е ослободен со кауција од 20.000 евра.

Според грчките медиуми, Клејман рекол дека конкретната вечер во клубот „немало ниту насилство, ниту силување“, а со 17-годишната ученичка од Белгија само танцувале и ништо повеќе.

Додал дека неговиот став ќе го оправдаат и резултатите од вештачењата и споредбата со примерокот од генетскиот материјал.

Голманот во вторникот наутро бил уапсен во Атина и се товари за силување на малолетничка и поседување дрога откако кај него биле пронајдени и одземени 1,5 грама хероин.

Веднаш по апсењето од ФК Волос, каде што 33-годишниот беше голман, соопштија дека со одлука на претседателот на клубот, Борис Клејман и неговиот соиграч Родриго Есковал се изоставени од тимот, започнат е процесот за раскинување на нивните договори и веќе биле информирани нивните менаџери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот